НБРМ: Домашната економија и понатаму закрепнува со солидно темпо
15.07.2015 16:10
Според Комитетот за оперативна политика на Централната банка, ризиците иако ограничени, се зголемени пред се поради ескалацијата на случувањата во Грција...

Домашната економија и понатаму закрепнува со солидно темпо, без ценовни притисоци, во еден дел поддржана и преку кредитната активност на домашните банки.
Според Комитетот за оперативна политика на Централната банка, ризиците иако ограничени, се зголемени пред се поради ескалацијата на случувањата во Грција.
Економскиот раст е солиден, девизните резерви се на потребното ниво, а вкупните кредити на приватниот сектор бележат раст над планираниот и само во јуни биле повисоки за 9,1%, се вели во соопштението на Народна банка.
