Грчкиот парламент денеска гласа за вториот сет реформи
22.07.2015 11:09
Се очекува премиерот Ципрас да ја добие поддршката од опозициските партии, но треба да спречи бунт во редовите на сопствената Сириза...

Грчкиот парламент денеска треба да гласа за вториот сет реформи од кои зависи конечниот договор за пакетот за спас вреден 86 милиони евра. Се очекува премиерот Ципрас да ја добие поддршката од опозициските партии, но треба да спречи бунт во редовите на сопствената Сириза.
32-ца од 149-те пратеници од крајната левица, вклучувајќи го и екс министерот за финансии Варуфакис гласаа против првиот сет реформи минатата недела, а шестмина беа воздржани.
Според Ципрас, надежта на грчкиот народ е во останување во еврозоната.
