Во Сирија убиен Мухсин Ал Фадли, клучна фигура на Ал Каеда

22.07.2015 11:47

Ал Фадли бил еден од неколкуте водачи од доверба на Ал Каеда, кој однапред ја добил информацијата за нападите во САД на 11-ти септември 2001-та...

Во напад на коалициските сили предводени од САД, во Сирија е убиен Мухсин Ал Фадли, клучна фигура на Ал Каеда, потврди Пентагон. Убиен е на 8-ми овој месец, во напад од воздух врз возило со кое патувал.

Ал Фадли бил еден од неколкуте водачи од доверба на Ал Каеда, кој однапред ја добил информацијата за нападите во САД на 11-ти септември 2001-та. Бил водач на групата Хорасан во која членувале оперативци на Ал Каеда пратени од Пакистан во Сирија да планираат напади врз цели на западот.

По него беше распишана потерница од 7 милиони долари.