Нов напад во Турција- застрелани двајца полицајци во град на границата со Сирија
22.07.2015 13:44
Убиството се случува само два дена откако бомбаш самоубиец се разнесе и уби 32-ца активисти во Суруч...

Во нов напад во турција убиени се двајца полицајци во градот џељанпинар на границата со Сирија. најдени се со прострелни рани во главите во куќата во која живееле заедно. нема информации дали се работи за терористички напад, во тек е истрага.
Убиството се случува само два дена откако бомбаш самоубиец се разнесе и уби 32-ца активисти во Суруч. Турската влада на седница ќе разгледува засилување на безбедноста на границата со Сирија.
За сега само е блокиран Твитерот во земјата за да се спречи споделување на снимката од нападот во Суруч.
