Општина Аеродром со нова веб-страница

30.07.2015 11:03

Новата веб-страница има посовремен дизајн и е побрза, поефикасна и попристапна, а со тоа и поблиска до граѓаните...

Општина Аеродром од вчера стартуваше со целосно нова редизајнирана веб-страница во согласност со принципите на отчетност и транспарентност во своето работење. Новата веб-страница има посовремен дизајн и е побрза, поефикасна и попристапна, а со тоа и поблиска до граѓаните.

Покрај основните податоци за Општината, оваа интернет-страница (aerodrom.gov.mk) нуди богати содржини во врска со актуелните проекти и работење на администарцијата, така што граѓаните можат да се информираат од прва рака, а исто така, со помош на неколку апликации можат да комуницираат и интерактивно со надлежните служби.

Веб-страницата на Општина Аеродром се ажурира секојдневно и покрај македонскиот се преведува на уште пет светски јазици (англиски, германски, француски, италијански и шпански), соопштуваат од општината.