Топлотен бран: Екипи на Црвениот крст и денеска на градските улици

30.07.2015 11:14

Низ улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња со вода на минувачите...

Три мобилни екипи со три возила и 12 волонтери  на Црвениот крст на град Скопје и денеска ќе патролираат низ улиците на Скопје од 11 до 17 часот и ќе поделат околу 1.500 шишиња  со вода на минувачите.

Веќе неколку години Црвениот крст на град Скопје активно се вклучуваат со превентивни и теренски активности во насока на заштита на населението од топлотниот бран кој ја зафаќа нашата земја во летниот период. Активностите се координирани со Црвениот крст на Р. Македонија, Министерството за здравство и Градот Скопје и Центарот за управување со кризи.

Во рамките на теренските активности, обучени волонтери и лекар, со возила на Црвениот крст патролираа по најфрекфентните локации во главниот град, делеа вода и флаери за граѓаните со совети како да се заштититат од топлотниот бран. На неколку пунктови, се вршеше мерење на  крвен притисок на граѓаните кои се пожалија на здравствени потешкотии, а беше организиран и транспорт за постари лица и хронично болни кои побараа помош од екипите на Црвениот крст.