Експлозија во близина на СВР-Скопје, оштетени три возила
Ноќеска непознат сторител дошол во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи во Скопје и фрлил експлозивна направа која експлодирала на работ од тротоарот на паркингот во близина на објектот...

Во близина на зградата на СВР-Скопје во скопски Аеродром се случила силна детонација околу 15 минути по полноќ. Нема повредени лица, оштетени се прозорски стакла и три возила.
Ноќеска непознат сторител дошол во близина на зградата на Секторот за внатрешни работи во Скопје и фрлил експлозивна направа која експлодирала на работ од тротоарот на паркингот во близина на објектот.
Веднаш е излезено на лице место, подигнати се траги за вештачење. Непознатиот сторител откако ја фрлил експлозивната направа, избегал. Според првичните сознанија, најверојатно се работи за рачна бомба.
