Зголемен број на кражби во Охрид за време на туристичката сезона
30.07.2015 12:58
Гостиварец заработи кривична пријава. Извршил 18 кражби во станови, куќи и деловни објекти, се стекнал со противправна корист од околу пет илјади евра...

За време на летните одмори домовите се цел на крадците. Но, и во Охрид се злоупотребува туристичката врвулица за вакви грабежи.
Гостиварец заработи кривична пријава. Извршил 18 кражби во станови, куќи и деловни објекти, се стекнал со противправна корист од околу пет илјади евра.
20 годишникот кражбите ги извршил овој месец, а притоа крадел златен и сребрен накит, мобилни телефони, пари и скапи парфеми.
Според статистиките зголемен е бројот на кражбите во Охрид за време на туристичката сезона.
