Нема пролонгирање на летните одмори, почетокот на учебната година останува на 1-ви септември
30.07.2015 15:12
Владата донесе одлука учебната година да почне редовно, на 1-ви септември...

Нема пролонгирање на летните одмори, Владата донесе одлука учебната година да почне редовно, на 1-ви септември.
„Во овој момент, безмалку триесетина дена до почетокот на новата учебна година, е предоцна да се прават какви било корекции. Го разбираме барањето и иницијативата на дел од туристичките работници, меѓутоа секогаш се водиме од најдобриот интерес на учениците. Учебната година, како и секогаш, ќе почне на 1-ви септември и апелирам до учениците и нивните семејства да си ги реализираат своите подготовки за почеток на наставата“, изјави заменик- минисерот за образование и наука, Спиро Ристовски на прес-конференција.
