Градежниците ги почитуваат мерките за заштита од топлото време

30.07.2015 16:17

Градилиштата се празни во најтоплиот период од денот. Работодавачите ги почитуваат владините мерки за заштита од горештините. Еве ја сликата од терен...

Градежниците се под сенка, чекаат да залади, па да се вратат на работните места. За пет дена инспекторите од трудова извршиле повеќе од 200 контроли низ целата земја. Велат - се работи само онаму каде што е неопходно, но со чести паузи.

„Ги почитуваме препораките, работниците не се на објектот. Заштитени се под сенка. По 17 часот ако дозволува времето ќе работат ако не ќе си одиме“, вели Трајанка Бежовска - инженер за изведба на објекти.  

Термометарот денеска го надминува 40 степен. Половина Македонија е во портокалова фаза. Има зголемен број на интервенции во брза помош. Сега, најчесто, од топлото време страдаат младите.

„Тоа се се интервенции кај помлади луѓе за разлика од порано кога алудиравме на повозрасните. Можеби луѓето мора да излезат, да ги завршат обрските, временските прилики, влегувањето- излегувањето во топло- ладна просторија секако влијае“, изјави д-р Братка Илиоска, Итна медицинска помош.

Поради горештините до 4-ти август од работни оврски се ослободени бремените и хронично болните над 60 години.

 

Андријана Атанасовска