Хонорарците задоволни од укинување на законот

30.07.2015 17:06

За ССМ останува определбата и натаму да се бори за нови работни места, трансформација на волонтерските договори и договори на дело во редовен работен однос со платени придонес, велат од ССМ за МРТ...

Новите вработувања и проектите за отворање на нови работни места може да се постигнат и со другите владини проекти- Сојузот на синдикати смета дека повлекувањето на законот за хонорарци е логична последица по направените анализите. За ССМ останува определбата и натаму да се бори за нови работни места, трансформација на волонтерските договори и договори на дело во редовен работен однос со платени придонес, велат од ССМ за МРТ. Нашиот став е јасен -  бараме работен однос на неопределено работно време за работниците и сигурни работни места.

Од одлуката на Владата се задоволни и актерите. Според Васил Зафирчев доколку хонорарците плаќале придонеси тоа дополнително ќе ја оптовареше и државната каса. Според него мора да се најде друг начин како хонорарците би ги плаќале придонесите.

Придонесите за хонорарците се укинуваат од 1-ви август. Ваквото решение владата го предложи откако анализите покажале дека неколу мерки што во меѓувреме ги спроведоа надлежните ги исцрпеле ефектите што сакаа да се постигнат. Според надлежните на овој начин се излегува во пресрет на барањата кои што беа изразени во јавноста, бидејќи намерата била  да се помогне во регулирање на правата на работен однос и да се овозможи сите лица да имаат рамноправен статус.

 

Викторија Милевска