Исламска држава напаѓа на северот на Сирија, убиени најмалку 10 курдски борци

31.07.2015 11:16

ако што соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, џихадистите нападнале училиште во кое биле сместени борците на Пешмергата...

Најмалку 10 курдски борци се убиени во ненадеен напад на Исламска држава на северот на Сирија. Како што соопшти Сириската опсерваторија за човекови права, џихадистите нападнале училиште во кое биле сместени борците на Пешмергата.

Прво еден екстремист се разнел, по што уследиле и други самоубиствени напади на истото место. Загинале вкупно осуммина од напаѓачите.