Наезда од скаклуци во Русија

31.07.2015 14:18

Земјоделците не успеваат да се справат со роевите кои се движат со брзина и до 40 километри на час...

Русија се соочува со наезда од скакулци кои ги напаѓаат посевите во јужниот регион Ставропол. Земјоделците не успеваат да се справат со роевите кои се движат со брзина и до 40 километри на час.

„Не остана ништо од пченката. Скакулците ја изедоа, од врвот до кочанот“, вели еден земјоделец. .

Од наездата на скакулци стравуваат и земјоделците на југот на Романија. Роевите мигрирале од Дагестан, патем јадејќи се што ќе најдат.