Мигрантите повторно во обид да влезат во Велика Британија

31.07.2015 14:20

Француската полиција го зголеми бројот на патролите, можеби и британската војска ќе се вклучи во решавањето на таканаречената „сообраќајна криза“...

И ноќеска мигранти се обидоа да го пробијат обезбедувањето на Евротунелот за да преминат во Велика Британија. Француската полиција го зголеми бројот на патролите, можеби и британската војска ќе се вклучи во решавањето на таканаречената „сообраќајна криза“.

По блокадата во Кале на француските бродски работници и поради напливот на мигранти, над 6 илјади големи камиони стојат во три колони на автопатот и чекаат дозвола да поминат.