Америка од 2006-та ја шпионирала и Јапонија

31.07.2015 15:56

Списокот со најмалку 35 цели поставени на сајтот укажува на тоа дека Агенцијата за национална безбедност шпионирала повеќе јапонски компании...

САД шпионирале и јапонски политичари, функционери и комапнии, вклучувајќи го и гигантот Мицубиши, се вели во документите што денеска ги објави Викиликс.

Списокот со најмалку 35 цели поставени на сајтот укажува на тоа дека Агенцијата за национална безбедност шпионирала повеќе јапонски компании, владини функционери и министри најмалку од времето на првата администрација на актуелниот премиер Шинзо Абе која беше на власт од септември 2006 година до септември 2007.

Јапонската влада засега не реагираше на наводите. Викиликс веќе објави слични извештаи за американско шпионирање на Германија, Франција и Белгија.