МРТ ве поканува на аудиција за избор на годинашниот претставник на Македонија за Јуниорски Евросонг
Македонската Радио Телевизија ве поканува на аудиција за избор на најдобри детски гласови, од кои ќе се избере годинашниот претставник на Македонија за Јуниорскиот Евросонг, Бугарија 2015-та!
Ако сметате дека убаво пеете и сонувате за голема музичка сцена, пријавете се на е-маилот: [email protected], или на телефонскиот број 071/351 770 најдоцна до 5-ти септември 2015 година.
Аудицијата ќе се одржи во студиото на МРТ во недела на 6-ти септември во 11 часот.
Учесниците на аудицијата треба да исполнат две композиции од кои една по сопствен избор и една од досегашните македонски најуспешни песни на Јуниорскиот Евросонг : „Прати ми СМС“, „Ео, ео“ или „Динг, донг“.
Дозволен е караоке начин на пеење, при што самите учесници со себе треба да донесат матрица на ЦД.
Децата учесници на аудицијата треба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација на 21 ноември 2015-та.
Не пропуштајте ја вашата шанса, можеби токму вие сте идната македонска детска музичка ѕвезда! Бидете дел од еуфоријата наречена Јуниорски Евросонг 2015-та!