На Плетвар загинаа две, а повредени се пет лица
Синоќа во стравична сообраќајка на Плетвар загинаа тригодишно девојче и 23 годишен маж, а петмина се повредени. Се судриле три возила...

Двајца загинати и петмина повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на превојот Плетвар при судир на три возила, патничко и две товарни. Повредените, според последните информации се со полесни повреди и се надвор од животна опасност.
„Во оваа стравична несреќа загинало тригодишно дете и возачот на едното комби-возило на возраст околу 23 години, а додека пак, бабата на веќе починтото девојче со повреди е пренесена на Хируршкото одделение од градската болница во Прилеп“, вели Гоце Јонзоски, раководител на Итната медицинска помош во Прилеп.
Загинаа три годишното девојче Теодора Е. од Скопје и 23-годишниот Горан Ц. од прилепско Големо Радобил.
Според првичните сознанија до несреќата дошло кога автомобилот „Фолсфаген шаран“ со скопска регистрација движејќи се од Прилеп кон Градско го претекнувал товрарното возило „Пежо екскорт“ . Од спротивната страна доаѓал камион со дрва. Контактот меѓу возилата бил мал, но доволен за големата трагедија. Девојчето кое загинало на лице место и петмината повредени се од автомобилот, а втората жртва, 23-годишниот Горан Ц. е возач на товарното возило кое го претекнувал фолсфагенот. Интервенирала противпожарна екипа која го извлекувала телото на момчето.
Поради тешката несреќа која се случи околу 20.20 часот, сообраќајот на Плетвар беше во прекин повеќе од три часа.
Елизабета Митреска
