Јолевски во посета на припадниците на АРМ на границата со Грција
Сите илегални премини се покриени, а мигрантите селективно се пропуштаат, и потоа се регистрираат во транзитниот центар кај Гевгелија. Со организиран превоз, со воз и со автобуси, се превезуваат на северната граница кај Табановце...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски и началникот на генералштабот на АРМ генерал потполковник Величковски, на терен, на дел од јужната граница, каде што се распоредени припадници на АРМ, кои во координација со полицијата го координираат влезот на мигрантите од Грција. Припадниците на АРМ се веќе 10 дена по должината на граничната линија, откако владата прогласи кризна состојба на јужната и на северната граница.
Сите илегални премини се покриени, а мигрантите селективно се пропуштаат, и потоа се регистрираат во транзитниот центар кај Гевгелија. Со организиран превоз, со воз и со автобуси, се превезуваат на северната граница кај Табановце.
Во изминатото деноноќие се издадени потврди на 1.217 странски државјани, за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил, соопшти МВР. Најголем дел од нив, 883, се државјани на Сирија, 180 се Авганистанци, а 86 се Ирачани.
Во изминатите четири дена до одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера.
