Битолската болница целосно ќе се реконструира

31.08.2015 13:47

До октомври 2016-та, Битолската болница ќе го добие новиот изглед. Инвестицијата изнесува 130 милиони денари...

Утре ќе бидат отворени понудите на тендерот за реконструкција на битолскиот Kлинички центар. Oва е првиот сериозен зафат на овој објект досега, по што се очекува заштеда од околу 35% на трошоците за електрична енергија во иднина. До октомври 2016-та, Битолската болница ќе го добие новиот изглед. Инвестицијата изнесува 130 милиони денари.

Министерот за здравство Никола Тодоров на денешната прес -конференција информираше дека реконструкцијата ќе се изведува во две фази. Првата фаза ќе го опфати надворешниот дел, односно поставување енергетски ефикасна фасада, промена на кровот и прозорите, а втората фаза ќе се однесува на внатрешноста на болницата.

Тодоров смета дека со реконструкцијата ќе се подигне стандардот и квалитетот на болницата.