ИДИЛ уништи дел од најважниот храм во Палмира

31.08.2015 14:02

Според локалните жители, повторно бил потресен од голема експлозија „што можеле да ја слушнат и мртвите“...

Џихадистите од Исламска Држава со нова експлозија уништија дел од најважниот храм во градот Палмира. Се уште не е позната штетата предизвикана на древниот храм на Баал, но според локалните жители, повторно бил потресен од голема експлозија „што можеле да ја слушнат и мртвите“.

Пред една недела цел на експлозија на џихадистите беше храмот на асирското божество Баалшамин, а порано месецов го обезглавија главниот археолог на Палмира.