Австриската полиција спаси околу 200 мигранти, уапсени петмина шверцери
31.08.2015 14:06
Според министерката за внатрешни работи, преземените мерки на австриската граница не се класична гранична контрола и не се кршат шенгенските правила...

Австриската полиција спасила околу 200 мигранти и уапсила петмина шверцери на луѓе во нова операција на границата. Според министерката за внатрешни работи, преземените мерки на австриската граница не се класична гранична контрола и не се кршат шенгенските правила.
Контролата е заострена откако минатата недела во напуштен камион-ладилник беа најдени телата на над 70 задушени мигранти, дојдени преку Унгарија.
