Мирно на јужната граница, не стивнува бранот мигранти

31.08.2015 14:45

Министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот генерал-потполковник Величковски се на теренот за да ја согледаат фактичката состојба на овој дел од државната граница...

На јужната граница е мирно, без  тензии, но не стивнува бранот бегалци што влегуваат во државава од Грција. Министерот за одбрана Јолевски и началникот на генералштабот генерал-потполковник Величковски се на теренот за да ја согледаат фактичката состојба на овој дел од државната граница.

Мигрантите откако ќе бидат прифатени во транзитниот центар со организиран железнички и автобуски превоз се упатуваат кон Табановце, а оттаму кон Србија. Припадниците на АРМ, се ангажирани откако пред 10 дена владата прогласи кризна ситуација на овој дел од државата. Со полицијата кординирано работат на спречување илегален премин од Грција, од мигрантите.

За два ипол месеца, нешто повеќе од 50 илјади мигранти минале низ Македонија.