Вељаноски: Враќањето на опозицијата во Парламентот ќе му даде смисла на неговото работење

31.08.2015 14:50

Сите заедно, и власта и опозицијата мора да ја оправдаме одговорноста што ја имаме пред народот, порача Вељаноски...

Не постои повисока цел од отворањето на демократските перспективи на Македонија, порача собранискиот спикер Трајко Вељаноски.

Тој смета дека враќањето на опозицијата во Парламентот, најавено за утре, треба да се доживее како израз на таквата одговорност и ќе му даде полна смисла во неговото работење.

Сите заедно, и власта и опозицијата мора да ја оправдаме одговорноста што ја имаме пред народот, порача Вељаноски.