Францускиот државен секретар за европски прашања Арлем Дезир во Македонија

02.09.2015 10:09

Предвидена е средба со заменик -претседателот на владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими...

Делегација на француското Министерство за надворешни работи и меѓународен развој, предводена од државниот секретар за европски прашања Арлем Дезир, престојува во еднодневна работна посета на државава.

Предвидена е средба со заменик -претседателот на владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими. Според најавите на средбата ќе се разговара за европската интеграција на Македонија како и за заложбата на двете земји за натамошна соработка.

Францускиот државен секретар во Собранието ќе има и заедничка средба со членовите на комисиите за европски прашања и за надворешна политика.