Министерот Јолевски во работна посета на Полска
Македонија и Полска имаат одлична одбранбена соработка, заснована на годишните билатерални планови кои имаат висок степен на реализација...

Министерот за одбрана Зоран Јолевски е во еднодневна работна посета на Полска. Предвидена е средба со неговиот домаќин, министерот за национална одбрана, Томаш Шимоњак.
Македонија и Полска имаат одлична одбранбена соработка, заснована на годишните билатерални планови кои имаат висок степен на реализација. Интензивна соработка има и меѓу Воената академија во Скопје и Националниот полски универзитет за одбрана.
Полска целосно ја поддржува Македонија на патот кон полноправното членство во НАТО, ова во повеќе наврати го потенцирал министерот Шимоњак, истакнувајќи дека Македонија ги исполни сите критериуми и дека заслужува да биде дел од Алијансата.
Следниот самит на НАТО ќе се одржи идната година во Варшава.
