Македонски економски самит од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје

02.09.2015 11:16

Фокусот на овогодинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој...

Од 18-ти до 20-ти ноември во Скопје ќе се одржи македонскиот економски самит во организација на Македонија 2025. Фокусот на овогодинешниот самит е како да се поврзе Македонија со поширокиот регион имајќи ги предвид глобалните движења и нивните влијанија на економиите во развој.

Наменет е за сите компании, организации и поединци кои се засегнати со темата одржлив развој на економијата на Македонија, но и воспоставување деловни односи со меѓународни партнери. Во изминатиот период, Македонија 2025 успешно организираше два самити во Охрид, како и два бизнис форуми во Торонто и во Париз, што резултираше со повеќе од 30 работни сесии на кои учествуваа 100 говорници од Македонија и од 40 други земји низ светот.