Премиерот Груевски во посета на општините Ѓорче Петров и Сарај

03.09.2015 14:52

Изврши увид во градежните активности за реконструкција на постојниот објект и за доградба на нови простории во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром...

Премиерот груевски е во посета на општините Ѓорче Петров и Сарај. Изврши увид во градежните активности за реконструкција на постојниот објект и за доградба на нови простории во состав на основното училиште „Димитар Поп Георгиев Беровски“ во населбата Хром.

Во тек се и градежни активности за реконструкција и изградба на улиците „Ибе Паликуќа“ и „Злате Михајловски“ кои се дел од проектот за изградба и реконструкција на 16 улици во Општината.

Премиерот Груевски оствари средби со граѓаните на Волково и на Ново Село. Во општина Сарај, се гради ново средно училиште. Груевски на средба и со жителите од селата Љубин и Шишево.