Пресуда: Пет години затвор за сообраќајката кај Т.Ц. „Зебра“
Пет години затвор доби Бојан Блажевски, возачот на автомобилот кој на 7 јули годинава предизвика тешка сообраќајна незгода во Капиштец во која животот го загуби новинарката на македонското радио Сузана Тодоровска Павловска. Неговиот бранител е задоволен од пресудата. Семејството Павловски ќе бара од обвинителот да се жали на пресудата...

Казна затвор една година повисока од минималната доби возачот на автомобилот кој ја усмрти новинарката Сузана Тодоровска Павловска на тротоарот кај „Зебра“ во Капитец. За возење под дејство на алкохол и дрога Бојан Блажевски доби пет годишна робија затоа што во ваква состојба предизвика сообраќајна несреќа во која имаше и жртва. Неговиот адвокат е задоволен од пресудата.
Блажевски ја призна вината и се покаја за стореното со што ја искористи законската можност за ублажување на казната. Адвокатот на оштетените сугерираше на обвинителството да поднесе жалба на пресудата, од причина што каењето, како што велат, е неискрено, а казната ниска.
37 годишниот Блажевски призна дека се лекувал од наркотици и алкохол, но на 7 јули сепак седнал зад воланот, видно пијан и издрогиран и со брзина од 83 километри излетал од улицата и удрил во новинарката којашто стоела на тротоарот. И пружил прва помош, но таа починала на самото место. До правосилност на пресудата Блажевски останува во притвор.
Анита Димитријевска
