Државна помош за развој на живинарството

03.09.2015 15:57

Во наредните четири месеци Министерството за земјоделство со Организацијата за храна, ќе изготват програма со која ќе се поттикне изградбата на живинарски фарми и ќе се зголеми производството на свежо пилешко месо...

Со 3 милиони евра ќе се развива живинарството во земјава. Во наредните четири месеци Министерството за земјоделство со Организацијата за храна, ќе изготват програма со која ќе се поттикне изградбата на живинарски фарми и ќе се зголеми производството на свежо пилешко месо. Се очекува производството на бројлери во наредните пет години да се искачи на 12,5  тони живинско месо  што е зголемување за 30 проценти.

Има услови за развој на живинарството во земјава, вели производителот на пилиња, Тони Димевски. Годишно одгледува по 9.000 пилиња.

До 2020 година со програмата се предвидува и изградба на кланица и фабрика за преработка на јајца.

Во моментов на пазарот со производството на свежо пилешко месо се задоволуваат само пет проценти, остатокот 95 проценти се од увоз на смрзнато месо.

Дијана Ценевска