Хан во Скопје на 18-ти септември
07.09.2015 16:58
Тој ќе има средби со премиерот Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции, Бесими, и со министерот за надворешни работи Попоски...

Портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијачич, потврди дека еврокомесарот Јоханес Хан, доаѓа во Скопје на 18-ти септември.
Тој ќе има средби со премиерот Груевски, вицепремиерот за евроинтеграции, Бесими, и со министерот за надворешни работи Попоски.
Хан ќе го реактивира високиот пристапен дијалог со Унијата, што особено се однесува на поглавјата 23 и 24.
