Свечен прием во Собранието по повод Денот на независноста
На приемот е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор како и претставници од сите сфери на општествениот и на политичкиот живот...

Вечерва во 19 часот почнува свеченоста по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија. Свечениот прием ќе го приреди претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, а ќе се одржи во Законодавниот дом.
На приемот е поканет државниот врв, пратениците и министрите од првиот состав на Собранието, дипломатскиот кор како и претставници од сите сфери на општествениот и на политичкиот живот.
Македонија годинава ја одбележува 24-годишнина од својата независност. Во 1991-та година огромен број македонски граѓани се изјаснија на референдум дека сакаат формирање на независна и самоуверена Република Македонија.
