Свечена академија по повод Денот на независноста во МНТ
Обраќање има премиерот Никола Груевски кој истакна дека денеска прославуваме 24 години од формирањето независна, суверена и слободна Република Македонија...

Свечена академија по повод 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија се одржува во Македонскиот народен театар.
Обраќање има премиерот Никола Груевски кој истакна дека денеска прославуваме 24 години од формирањето независна, суверена и слободна Република Македонија.
Тоа достигнување чија кулминација беше со изгласувањето на референдумот на 8 септември 1991 година беше завршница на формирање на сопствена држава, по многу години борба на геренации и генерации наши предци, огромен број положен жртви, уништени животи, затварања и малтретирања, рече премиерот Груевски.
На свечената академија премиерот Груевски посочи дека формирањето сопствена држава не одеше ни лесно ни брзо. - Одеше, додаде, чекор по чекор, борејќи се и начекувајќи и искористувајќи одредени историски моменти за реализација на наредниот чекор.
