Земјоделските задруги ќе ги прошируваат своите дејности
09.09.2015 10:17
Со измените на законот им се овозможува и користење на системите за наводнување...

Земјоделските задруги во моментов не можат да ги користат системите за наводнување. Со законските измени, освен примарното земјоделско производство, преработките и трговијата ќе вршат и наводнување на обработливите површини.
Претходно ќе треба да склучуваат договори со надлежните водостопански субјект во подрачјето каде што се наоѓа задругата, а деталите со кои ќе се регулира вршењето на оваа дејност ќе се прецизираат со донесувањето на новите правилници кои според законот треба да се изготват во рок од 6 месеци.
Методија Трајков
