Австралија ќе се вклучи во нападите врз ИД во Сирија

09.09.2015 11:22

Во моментот во база во Обединетите Арапски Емирати се стационирани осум авиони и 400 припадници на военото водухопловство на Австралија...

Австралиското воено воздухопловство ќе се вклучи во воздушните напади врз позиции на исламска држава во сирија. Австралискиот премиер Абот нагласи дека владата решила позитивно да одговори на молбата на САД за вклучување во воената операција.

Во моментот во база во Обединетите Арапски Емирати се стационирани осум авиони и 400 припадници на военото водухопловство на Австралија.

Тие досега учествуваа само во напади врз позиции на ИД во Ирак.