Експлозија во фабрика за оружје во Чешка
09.09.2015 11:59
Делови од зградата каде што бил барутот се пронајдени на 200 метри оддалеченост во близина на шумата која ја зафатил пожарот...

Најмалку две лица се повредени во експлозија на барут во една фабрика за оружје, источно од Прага. Портпаролката на противпожарната служба Вендула Харкова изјавила дека пожарот предизвикан од експлозија на 365 тони барут е ставен под контрола, пренесува Танјуг.
Делови од зградата каде што бил барутот се пронајдени на 200 метри оддалеченост во близина на шумата која ја зафатил пожарот.
При експлозијата двајца работници се здобиле со опекотини. Фабриката за оружје каде што се случил инцидентот се наоѓа 150 километри источно од Прага.
