Законот за специјалниот обвинител пред пратениците

15.09.2015 12:48

Пленарната сесија за утврдување на текстот на Законот за специјалниот обвинител е закажана за 13 часот. За попладне се најавува уште една седница за утврдување на предлогот Катица Јанева да се именува за специјален обвинител...

Обвинителката од Гевгелија, Катица Јанева, ќе биде специјален јавен обвинител. Таков договор постигнаа четирите партии по маратонските преговори што траеја до раните утрински часови.

Има договор и за Закон за специјално обвинителство, а обвинителот ќе ги бира соработниците. На европскиот експерт Питер Ванхојте во последните два дена му се придружија амбасадорите Аиво Орав и Џес Бејли.

Претпладнето се одржа координација на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски со шефовите на пратеничките групи. Пленарната сесија за утврдување на текстот на Законот за специјалниот обвинител е закажана за 13 часот.

За попладне се најавува уште една седница за утврдување на предлогот Катица Јанева да се именува за специјален обвинител. Изборот го врши Советот на јавни обвинители.