Министерството за земјоделство продолжува со директните средби со земјоделците

17.09.2015 13:24

Досега се реализирани посети во 40 општини, каде што на земјоделците им се решавани проблемите на терен...

Продолжуваат средбитете на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со земјоделците низ земјава. Досега се реализирани посети во 40 општини, каде што на земјоделците им се решавани проблемите на терен.

„Интерес имаше и за инвестиции во руралната инфраструктура за подобар квалитет на живеењето и подобар пристап до земјоделските површини, како и за можностите за изградба на културни домови, пазари и плоштади. Се поставуваа и прашања за барањата и апликациите на земјоделците за Националната програма за рурален развој, Програмата за директни плаќања, остварувањето на правото за субвенции, за јавните огласи за модернизација на механизацијата, за користење на средствата од ИПАРД,..Со еден збор се она што се интересираат е во функција на зголемување на нивните приноси и за подобрување на сточарството“, соопшто заменик- министерот за земјоделство, Ванчо Костадиновски. 

Тој посочи дека на средбите се објаснети сите аспекти од програмата 2015/2025, а на земјоделците им биле делени и совети за подготовка на апликациите.