Ќе се подобрува концептот на екстерното тестирање
Oчекувам во наредниот период да излезме со неколку предлози, со што планираме да го надградиме и подобриме целиот процес на екстерно тестирање“, изјави заменик- министерот за образование, Спиро Ристовски...

Владата подготвува мерки за подобрување на концептот на екстерното тестирање, со кои треба да им се олесни работата на учениците.
„Ние како Влада сме подготвени да прифатиме конструктивни предлози за надгарадување на целиот процес на екстерно тестирање, во насока на подобрување на знаењето на учениците, нормално олеснување во насока на последно совладување на целокупната материја и подобрување на успесите. Во оваа прилика сакам да истакнам дека ние како ресорно министерство и Влада, очекувам во наредниот период да излезме со неколку предлози, со што планираме да го надградиме и подобриме целиот процес на екстерно тестирање“, изјави заменик- министерот за образование, Спиро Ристовски.
Дел од предлозите на Владата се на иста линија со оние кои ги изнесе поранешниот потпретседател на СДСМ, Зоран Јовановски, кој деновиве рече дека го поддржува екстерното, но со измени во начинот на полагање.
