Пуштена во употреба нова спортска сала во Новаци
На свеченото ставање во употреба на овој објект, премиерот Груевски потсети дека салата во Новаци е една од 180-те сали од проектот на владата, според кој досега се завршени 85, а 15 се во фаза на изградба...

Новаци доби нова спортска сала во која беа инвестирани 23 милиони денари. Со тоа е овозможено трајно напуштање на старата импровизирана сала која досега ја користеа учениците во зимскиот период.
На свеченото ставање во употреба на овој објект, премиерот Груевски потсети дека салата во Новаци е една од 180-те сали од проектот на владата, според кој досега се завршени 85, а 15 се во фаза на изградба.
Премиерот ќе присуствува на црковно-народниот собир во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Могила ќе има средба со жителите, а ќе присуствува и на пуштањето во употреба на откупно дистрибутивниот центар „Ејпл-ленд“.
