Можно е и Европа да добие јавен обвинител
Комитетот за економски и социјален развој ќе го достави барањето до Комисијата и Советот. „Во некои земји-членки, јавното обвинителство не е независно и не функционира баш најдобро. Затоа е потребен европски јавен обвинител“, се вели во образложението...

Наскоро може да се очекува и назначување на европски Јавен обвинител. Секако ова барем засега е само препорака од страна на Европскиот комитет за економски и социјален развој, но наскоро ќе биде и офицајлно доставено барање до Европската Комисија и Европскиот Совет.
„Во некои земји- членки, јавното обвинителство за жал не функционира баш најдобро, тоа не е независно, немаат доволно извори, затоа на ниво на ЕУ потребно е постоење на независен јавен обвинител кој ќе преземе акции кога ќе бидат откриени сериозни случаи на корупција или друг вид на цриминал“, изјави Филип Хамро-Дротз, ЕЕСЦ.
Според Финскиот аналитичар и член на ЕЕСЦ, Филип Хамро-Дротз оваа процедура нема да се одвива толку брзо и без јавна расправа како во случајот со Македонија, па затоа најрано се очекува да се стави на расправа на националните парламенти дури следната година. Причина за тоа е зголеменото ниво на корупција во Европската Унија, а како последица на неимплементирање на инструментите за спрецување со истата. Како најзначајни, тој ги издвои Конвенцијата за антикорупција на ОН, на ОБСЕ и на Европскиот Совет.
„Тие се многу јасни и детални, но поената е што тие што го потпишаа тоа треба и да го имплементираат. Но, тука гледаме големи пропусти. Статистиките говорат дека со корупција даночните обврзници се оштетени за 120 милијарди евра годишно, што е речиси еднакво на 10 насто од годишниот буџет на Европската Унија“, вели Хамро Дротз.
Секако, степенот на корупција е различен од држава до држава, но некои се истакнуваат повеќе од другите. Оваа појава за државите членки на ЕУ- Бугарија, Грција и Литванија е фолклор, тоа е дел од нивниот менталитет и култура, оценува Хамро Дротз.
Марина Стојанова Тонева- постојан дописник од Брисел за МРТ
