Груевски: Од дијаспората да се избираат 20 пратеници
21.09.2015 16:37
Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена, изјави премиерот Груевски...

Наместо тројца од редовите на дијаспората да се избираат дваесет пратеници во Парламентот и за нив да се гласа во една изборна единица, е предлагот на ВМРО-ДПМНЕ до останатите политички партии во преговарачката работна група за изборите, што го соопшти денеска премиерот Никола Груевски.
Сакаме да се задржи можноста дијаспората да има свои претставници во Парламентот на Република Македонија. Дури мислам дека е прениско застапена и затоа дадовме една идеја во работните групи, ако и другите политички партии прифатат да го смениме моделот наместо три пратеници од дијаспората, 20 пратеници на дијаспората, односно наместо досегашните три изборни единици во кои се бираше по еден пратеник од дијаспората да има една изборна единица, а во неа да има 20 пратеници, па според гласовите што ќе ги добијат, односно како што ќе гласа дијаспората ширум светот, така да се распределат на пратениците коишто ќе бидат на таа специјална листа, изјави Груевски, при посетата на Битола.
На тој начин, оцени, ќе има посилно зајакнување на дијаспората во македонскиот Парламент, ќе има нејзино влијание, бранење на нивните интереси, идеи и предлози.
