Дојава за бомба во старата зграда на парламентот во Брисел

23.09.2015 14:18

Зградата е опколена од полицајци, а специјални екипи со помош на кучиња трагачи ја пребаруваат зградата која се користи за приеми и свечености...

Евакуација на старата зграда на парламентот во Брисел поради дојава на бомба.

Зградата е опколена од полицајци, а специјални екипи со помош на кучиња трагачи ја пребаруваат зградата која се користи за приеми и свечености.

Парламентот најчесто заседава во новата зграда. Се уште нема информации дали навистина имало подметната бомба и до кога ќе биде блокирана зградата.