Авганистан: Најмалку 10 жртви во самоубиствен напад на крикет натпревар

28.09.2015 12:07

Целта на автомобилот бомба биле локални функционери кои дошле да го следат натпреварот...

Најмалку 10 лица загинаа, а над 50 се ранети во самоубиствен напад за време на крикет натпревар во југоисточен Авганистан. Целта на автомобилот бомба биле локални функционери кои дошле да го следат натпреварот.

Талибанските борци ја нападнаа и војската главниот град на северната провинција Кундуз, каде што се слушаат истрели од тешка артилерија.