Евакуирани жители и откажани летови, се приближува тајфунот Дујуан
28.09.2015 12:09
На островите Јонагуни и Ишигаки се евакуирани околу 300 жители, а над 100 домаќинства останале без струја...

Над 90 авионски летови се откажани на јапонскиот остров Окинава поради приближувањето на моќниот тајфун Дујуан. На островите Јонагуни и Ишигаки се евакуирани околу 300 жители, а над 100 домаќинства останале без струја.
Тајфунот се движи со брзина од 20 километри на час и собира сила напредувајќи кон Тајван, а потоа и кон Кина. Тајванските власти објавија предупредување за опасност од поплави во крајбрежните региони.
