Полициска акција во БиХ, се апсат високи функционери

28.09.2015 14:01

Со злоупотреба на исплатата на земјоделски субвенции се поврзуваат пратеник и министерот за трговија од тузланскиот кантон...

Во неколку градови во Босна и Херцеговина во тек е полициска акција, а меѓу уапсените има високи функционери. Со злоупотреба на исплатата на земјоделски субвенции се поврзуваат пратеник и министерот за трговија од тузланскиот кантон.

Приведен е и поранешен министер, чијшто брат е уапсен во претходен претрес, а двајцата биле осомничени дека ја оштетиле државата за повеќе од 5,5 милиони евра.