Раст од 12,7% на индустријата во август
Според главните индустриски групи, пораст има кај енергијата за 39%, кај капитални производи за 14,6%, а трајните производи за широка потрошувачка бележат раст од 10,1%...

Идустријата во август пораснала за 12,7 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, рударството и вадење камен во август 2015 година, во однос на август 2014 година, бележи пораст од 18,2%, во преработувачка индустрија раст има од 8,4%, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 45%.
Според главните индустриски групи, пораст има кај енергијата за 39%, кај капитални производи за 14,6%, а трајните производи за широка потрошувачка бележат раст од 10,1%.
Од јануари до август, во споредба со истиот период лани, индустриското производство бележи раст од 1,7 отсто.
