Верски мотиви причина за нападот во Орегон
Полицијата го идентификуваше 26 годишниот Крис Харпер, напаѓачот кој вчера застрела деветмина студенти во колеџ во Орегон. Полицјата успеа да го неутрализира напаѓачот, кој бил студент на колеџот. Според првичните сознанија, верски мотиви се причина за нападот...

Верска нетрпеливост е најверојатно причина за вчерашниот масакр во колеџот во Орегон во кој девет студенти го загубија животот, а седуммина беа повредени. Полицијата го идентификуваше напаѓачот 26- годишниот Крис Харпер од Велика Британија. Ова го чекав со години била првата реченица на Харпер пред да почне да пука, полицијата успеала да го ликвидира.
„Јас нема да го именувам напаѓачот бидејќи со овој кукавички чин тој не го заслужува тоа. Не смееме да ги охрабруваме луѓето кои имаат вакви намери, сега треба да се фокусираме на семејствата на жртвите“, изјави шефот на полицијата.
Полицијата соопшти дека во моментот на нападот Харпер имал четири автоматски пушки, и воедно бил студент на колеџот. Неговите соученици сведочат дека се слушале многу истрели, а се се случило многу брзо. Според првичните информации тој ден претходно на социјалните мрежи го најавил нападот.
„Бевме на час одеднаш се слушнаа пукотници, ние не знаевме што се случува и продолживме да работиме. По второто или трето пукање, сите бевме могу исплашени ги слушнавме неговите чекори пред вратата и тој почна да вика ’излезете излезете’... Полицијата дојде и не спаси“, сведочи Хана Мајлс, студент.
Претседателот Барак Обама ирзази голема загриженост и побара построга контрола на оружјето.
„Јас не можам да разберам зошто ова се случува, но масовните убиства постојано се случуваат. Мора да имаме погоема политичка воља и да создадеме услови за поголерма безбедност на луѓето, пред се мислам на поголема контрола на оружјето“, изјави Хилари Клинтон.
Во колеџот студираат повеќе од 3.000 студенти.
Марија Петковска
