Се урна американски воен авион во Авганистан, најмалку 14 загинати

02.10.2015 10:33

Покрај војници, во леталото имало и неколку цивили. Талибанците соопштија дека тие го собориле леталото...

Најмалку 14 луѓе загинаа, откако се урна авион на Американската армија, на аеродромот Џалалабад во Авганистан.

Покрај војници, во леталото имало и неколку цивили. Талибанците соопштија дека тие го собориле леталото, додека меѓународните сили под команда на САД, се уште не излегле со детали за причината на несреќата.