Руските напади врз цели на ИД можат да траат 3-4 месеци
Министерството за одбрана објави нови видео снимки од воздушните напади врз позиции на Исламска држава. Уништени се пет цели, меѓу кои магацин за муниција и команден пункт...

Руските воздушни напади на цели на Исламска Држава можат да траат три до четири месеци, изјави претседателот на Комисијата за меѓународни односи, Алексеј Пушков. Ако дејствуваме поефикасно, резултатите ќе дојдат брзо, додаде Пушков.
Во меѓувреме, Министерството за одбрана објави нови видео снимки од воздушните напади врз позиции на Исламска држава. Уништени се пет цели, меѓу кои магацин за муниција и команден пункт.
Борбените авиони во текот на ноќта го бомбардирале градот Карјатеин, кој од август е под контрола на џихадистите. Турција и нејзините партнери во коалицијата, предводена од САД, за борба против Исламска држава, денеска ја повикаа Русија да ги прекине нападите против сириската опозиција, и да се фокусира врз борбата против исламистичките бунтовници.
