Пожар во прифатен центар за бегалци во Германија

05.10.2015 11:02

Биле запалени тоалетите, поставени пред фискултурната сала, во која се сместени 10 бегалци...

Непознати лица предизвикале пожар во прифатен центар за бегалци во општината Фрамар, во германската покраина Турингија. Биле запалени тоалетите, поставени пред фискултурната сала, во која се сместени 10 бегалци.

Огнот ја зафатил фасадата на зградата. Пожарникарските екипи веднаш го изгаснале пожарот. Нема повредени лица.

Во текот на минатата ноќ пожар избувна и во идниот прифатен центар за бегалци во градот Ксантен, во покраината Северна Рајна- Вестфалија.